Tuesday, February 22, 2011

НИВА



Со години неорана,
угар оставена,
па заборавена.

Троскот котот и го гуши,
а прескотна е.

Со очи стрв настрвени
по орачите,
по сејачите,
разгорува -
прегорува...

Паличник ли нема
да ја отвори
сејач ли нема
да ја посее
та се смалува во себе
берикетницата -
проклетницата ...


2 comments:

  1. Штрку, баш си ми освежување, веќе ти ги пофалив песните, ама еве сега и расказот „Црешоока“. Ме растажи до расплакување, што значи, целта е постигната - допира!
    Инаку, некако твојов блог многу ме потсетува на мене - називот како да ти е инспириран од мојот текст за Силјан Штркот, роденеденот се поклопи (а таму огледалата се вкрстија), а сликичкана горе ме потсетува на мојата песничка „Глуварче“(http://iskonmakedonija.blogspot.com/2010/10/blog-post.html)... и така,
    поздрав од Врапчето :)

    ReplyDelete
  2. Е, да Никот е од приказната од твојот блог, роденденските песни слуцајно се поклопија, бидејќи мојата бесе пустена во продазба пред да го посетам твојот блог со приватности ( ја пустив десетина дена пред роденденот на сопругата на блог,мк ) а позадината на блогот е сосема слуцаен избор, ми сње допагја зелената боја... :)
    Инаку, повеќе сум на твојот блог македонски јазик и останатото... збогради потреби на професијата... :)

    ReplyDelete