Се е мртво,
молчат моите птици волшебни
на некои други гранки
над некои други улици
по кои ги нема моите чекори.
Нови волшебници се фалаат со магии
научени од нашите книги -
ми вадат паричка од увото и велат
„Смеј се,смеј се да не мислат дека си глуп!“
Ох, јас сета глупост веќе ја собрав во куферите
пред да се вратам на плоштадот на магиите
во износени чевли што стегаат.
Немојте, не мачете го детето носач
да витка плеки под нивната тежина,
јас и мртов можам самиот себе да се носа

No comments:
Post a Comment