Во некоја приказна
во некое друго време
што ќе биде после тебе
и после мене
во некоја приказна
без нас двајцата
толку иста
како онаа што ја читавме
без да знаеме
дека Таа си ти
а Тој сум јас
во некоја приказна
во која Таа нема да личи на тебе
а Тој ќе биде сосема различен од мене
(можеби само имињата ќе им бидат исти,
коинциденциите не можат да се исклучат)
во една таква приказна
што секако ќе се случи
а ќе ја читаат некои други
голтачи на туѓи судбини
пред да сфатат
дека тие се истите ликови
од една приказна
од едно друго време
многу пред нив што било
во која Таа суште не беше ти
а Тој сеуште не бев јас,
во една таква приказна
сакам да те заборавам
нераскажана до крај
за да те раскажуваат
кога ќе немам што да раскажувам...
No comments:
Post a Comment