Saturday, April 2, 2011

СЕУШТЕ



Заплеткан во ветките на недостижот,
сеуште ме мами сонот на талкачот
што си ги продал друмовите
за пар лакирани чевли на градски господин.

Во очите има црно гнездо без птици
и силен мирис на славеј од горите.

Мојот сон,
мојот детинест ловец на ветришта
со мрежа за пеперутки.

Зошто ли, сеуште, плачат
игрите на босоногото дете,
кога ќе замирисаат пролетните дождови...

No comments:

Post a Comment