На Гора
Ми велиш, ќе ти ги украдам песните
а ти не ќе ми можеш ништо...
Па што ако, ти велам,
ќе напишам други...
Ќе ти ги украдам и тие
и пак не ќе ми можеш ништо...
Ќе напишам трети, ти велам
и баш ништо не ми значат твоите закани...
А кога не ќе можеш да напишеш
ниту стих повеќе,
со кои очи ќе ги гледаш песните
што нема појќе твои да бидат?
Со душата, што никој не може да ми ja земе
песните твои ќе ги чувствувам како мои...